Рафаело топчиња
Состојки
- 80мл вода
- 200г шеќер
- 120г путер
- 200г млеко во прав
- 100г кокос (плус за валкање на колачињата)
- околу 25 лупени бадеми или лешници
Подготовка
Драг вкус од детството. Има многу верзии, сигурна сум дека сите ги имате правено за некоја пригода. Јас ги правам за прв пат.
Подготовка
1. Најпрво водата и шеќерот ги оставаме да зовријат на оган. Кога ќе се стопи шеќерот, го додаваме и путерот. Кога ќе се истопи и путерот го додаваме и млекото во прав. Дел по дел, со постојано мешање, да нема грутчиња. На крај, го додаваме и кокосот, мешаме добро и тргаме од оган. Оставаме смесата добро да се олади и да се стегне во фрижидер.
2. Од смесата формираме топчиња со големина по желба. Може да додадеме бадеми/лешници во средината, па да ги извалкаме убаво во кокос. Мене повеќе ми се допаѓаат вака, па прво ги извалкав во кокос, и им втиснав по еден излупен бадем/лешник и оставив да се гледа.
Ова е релативно мала доза, излегуваат околу 25 топчиња.
На здравје!