Исчистете го зеленчукот, измијте го и исечкајте го – кромидот на пола, па на резанки, компирите, тиквичката, тиквата, доматите на кругови, а лукот ситно. Садот во кој ќе готвите, подмачкајте го со маслиново масло. Во тава загрејте го маслото и додајте го кромидот да се пржи додека омекне, околу 8 минути. Додајте го лукот и промешајте и гответе уште 1 минута. Оваа смеса распоредете ја на дното од садот. Над него наредете ги во круг наизменично компирите, доматите, тиквичката, тиквата, да добиете спирален изглед, во еден слој. Посипете со сол, црн пипер и сушена мајчина душичка. Попрскајте со малку маслиново масло, па ставете да се пече во рерна загреана на 200 степени, покриено со фолија, околу 35 минути или додека омекнат компирите. При крај тргнете ја фолијата, посипете со рендан пармезан и вратете да се пече уште 20- 25 минути или додека добие убава кафеава боја.

Напомена - јас наместо жолта тиква употребив модар патлиџан, а наместо пармезан ставив мешан кашкавал. Превкусно е!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови