Рататуј со кофтиња
Подготовка
1. Исечкајте го ситно кромидот и измесете ја убаво смесата за ќофтиња од наведените состојки. Оставете ја најмалку еден час во фрижидер или најдобро одвечер во фрижидер. Направете мали ќофтиња со големина пречник колку зеленчукот во обем. Кратко испржете ги од двете страни на малку масло врз нелепливо тавче и оставете ги на страна.
2. Зеленчукот исечкајте го на тркалца со дебелина од околу 3,4 мм. Тиквичката и компирот ставете ги во еден длабок сад, додадете лажица-две масло и околу 1 лажиче сол и измешајте ги убаво да се налепи насекаде.
3. Користев тава 24 за овој зарзават, но би ве предупредила да користите некоја со повисоки страни или евентуално 26 број со малку накосено редење доколку немате висока (во печењето реши да префрла течноста). Намрсете ја тавата со лажица-две масло и истурете го доматниот сос, кој претходно сте го измешале со сув босилек и лук во прав. Врз него редете го зеленчукот и ќофтињата исправени.
Попрскајте со масло, посолете и додадете црн бибер одозгора.
4. Јас првите 20на минути во печењето ја имав покриено со алу фолија, но ако не ви е многу силна рерната, не мора. Печете на 200С половина час, па разматете ги јајцата со млекото и солта и истурете ги рамномерно насекаде во тавата. Печете уште 5-10 минути, па изрендајте кашкавал одозгора.
Вратете во исклучена рерна да се стопи кашкавалот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови