Пченкарна супа со коријандер
Инаку ова јадење спаѓа во делот на јадења за појак имунитет и ви го препарачувам на сите.
На малку путер го пржиме кромидот и морковот. Додајте 1 литар вода и варете кратко колку да омекне кромидот.
Додајте доматен сос, намалете ја температурата и пополека додавајте ја палентата и мешајте.
На коцки исечкајте го компирот и додајте го во тенџеретои посолете.
Варете околу 20мин, додајте му лук црн пипер и коријандер.
Оставете кратко да проврие и послужете.
Инаку коријандерот го има често во мојата кујна, одличен извор на железо, калиум, калциум, витамин Ц, Б-комплекс.
Јас ја подготвив во Делимано садот за сос фајв стар
Доколкуима потреба на уште вода во текот на варењето слободно додавајте.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови