Подготовка

Се замесува заедно, и стасува еден час. Водата се меша со млекото, да бидат на иста температура. Не ја ставајте целата течност одеднаш, во зависност од брашното треба помалку или повеќе. Премесете пак со намастени раце со маслиново масло, и формирајте го лебот. Јас го печам во ЛАВА КАСЕРОЛА.Се пече 30 минути на 200°С па рерната се намалува на 150 уште 15мин. Штом ќе се испече одма се вади од КАСЕРОЛАТА и се витка во кујнска крпа. Треба комплетно да се излади пред да се сече, за да не се рони.Секое домашно лебче веднаш кога ќе го извадам од рерна го премачкувам со вода и покривам со памучна крпа.
На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани