Во касерола ја сипуваме водата и маслото да зовријат, потоа го додаваме брашното, нишестото и солта. Смесата убаво ја мешаме додека не почне да ни се одлепува од касеролата оставаме да се излади. Кога смесата ќе ни се излади со миксер со перките за тесто матиме додавајќи едно по едно јајце на крајот додадете го пецивото. Потоа со помош на шприц се прават принцес крофни. Се печат на 220степени, рерната не ја отварајте дваесет и пет минути. Потоа извадете ги на решетка да се изладат додека го подготвувате кремот.

Крем.
Се става млекото со шеќерот да зоврие, а во еден мал дел од млекото се раствара пудингот кој се сипува во врелото млеко се прави густ крем кој се остава да се олади. Ладниот крем го матиме заедно со изматената слатка павлака.

Готовите принцес крофни се полнат со кремот и се посипуваат со шеќер во прав.
Добар апетит!!!
Крем е доволен и за дупла доза на принцес крофни.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани