13
авг
2020
Прилепска араванија бр. 2
1. Рерната ја пуштаме на 190 степени.
2. Јајцата и шеќерите се матат дури да се зголеми волуменот и да побелат.
3. Се додава гризот, после и брашното кое го просејуваме заедно со пецивото.
Матиме со миксерот на послаба брзина, а потоа мешаме со шпатула.
4. Смесата ја истураме во караванче бр.30 кое е намрсено и побрашнето.
5. Печиме 20 минути на 190 степени и уште 5 минути на 180 степени. Оставаме да се излади.
6. Го вариме шербетот 5 до 8 минути и го ставаме малку да излади, но да не е врел.
7. Изладеното тесто го сечиме на коцки или локуми и полека го полеваме со шербетот.
Лиценца: Сите права се задржани