Превкусни, воздушести .
Побрза вечера или појадок, не може да биде. Јас ги правев малечки, како што и вели Вања, авторот на рецептот.

Подготовка

1. Во вангличка се ставаат јајцата, солта, шеќерот, растопениот путер и кефирот. Јас користев јогурт 3,2 масленост. Со вилушка се соединуваат сите состојки.
2. Сега се додава брашно и се замесува меко тесто. Ако е многу лепливо додадете минимално брашно, 1 лажица. Нека одмори тестото само 10 минути.
3. За тоа време ставете масло да се загрева на тивок оган, 2 прста, не многу, загрејте го на умерен оган.
Потоа исучета кора, дебела 3,4 мм. Со мала чашка вадете форми. Наредете ги на чиста кујнска крпа.
Од 1 до 9 кај мене, пржев на 7.
4. Во загреаното масло спуштајте ги една по една и пржете да заруменат. Наредете ги на хартиени салфетки, за секој случај, и покрај тоа што воопшто не се мрсни. Дегустирајте со биено сирење, бело сирење, џем, мармалад.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани