9
сеп
2020
Пржени бадеми
Убаво, вкусно мезе.
Бадемите се попаруваат со врела вода, нека постојат десетина минути да набабрат, па се чистат од лушпата.
Маслото ставете го да се загрее на средна температура.
Ставете ги бадемите да се пржат постојано мешајќи се додека не добијат светло кафеавкаста боја. Извадете ги на книжна салфета и кога ќе се оладат посолете ги.
Гриц, гриц!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови