Праски
Подготовка:
1. Во подлабок сад се додава брашно помешано со пециво, шеќер, млеко и масло. Се додаваат едно по едно и две јајца и убаво со раце се замесува средно тесто.
2. Со раце се прават малечки топчиња и се редат во намрсен плех или хартија за печење. Се печат во загреана рерна на 180 с, додека малку заруменат (околу 15-20 мин).
3. Кога ќе се изладат, со лажиче им се прави отвор. Ронките од отворите заедно со растопениот маргарин, 150 мл млеко, 2 лажици шеќер, какао и сецкани ореви, се мешаат убаво додека се добие хомогена смеса. Со филот се полнат праските, а во средина им се става по половина јатка орев. Се потопуваат во млако млеко, во растворена прехрамбена боја и шеќер.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови