Млечна и вкусна салата...

Подготовка
1. Краставицата ја лупиме и ја сечкаме на ситни коцки.

2. Пилешките гради (салама), сирењето и лукчето ги сечкаме на ситни коцки.

3. Јајцата ги рендаме во останатите состојки.

4. Додаваме крем сирење, павлака, мајонез и зачини по вкус.

5. Ја соединуваме цела смеса и ја оставаме во фрижидер да се соединат вкусовите.

Забелешка
За оваа салата најдобро е да користите тврдо немасно сирење. Ние сакаме козјо, па и такво искористив.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани