Еве предлог од мене за личен, вкусен, украс на вашата празнична трпеза.

Подготовка:

1. Во топлото млеко ги ставаме квасецот, шеќерот и лажиче брашно. Промешуваме и оставаме да се активира.
2. Потоа во вангличка се ставаат квасец, јогурт, масло, сол. Се промешува и се додава брашно.
замесуваме средно тесто. Го покриваме и оставаме да се дуплира.
3. Потоа го делиме на 14 до 16 топчиња. Јас ги наредив во тава за пица. Ги печиме во загреана рерна околу 15 минути. Ги оставаме потполно да се оладат кајзериците од венецот.
4. Ја ставаме киселата павлака во готварски шприц и ги декорираме кајзериците. Ставаме зрна калинка, магдонос, спанаќ, маслинки. Сервираме
Среќни празници.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани