Венецов го правам и за Велигденски и за Божиќни празници само ја менувам декорацијата.
1. Од сите наведени состојки се замесува мазно тесто, кое треба да е меко но не и лепливо.Тестото го оставаме на собна температура да стасува околу половина час.Нараснатото тесто го ставаме на површина намрсена со масло и сучиме кора долга околу 70 сантиметри.
2. Кората прво ја мачкаме со мачкаме со мармалад, го ставаме сувото овошје и ренданата кора од портокал. Виткаме ролат и краевит ги составуваме во круг. Плехот го обложуваме со пек хартија и го ставаме венецот. На осум места го засекуваме со остар нож и на секое засечено место ставаме кандирани цреши.
3. Формираниот венец го мачкаме со изматена жолчка од јајце и оставаме да стасува уште половина час.
4. Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови