Еве еден не секојдневен рецепт за похована икра.
Пишав 5 црвеноперки, но тоа не значи дека мора да се 5.
Икрата не мора да е од црвеноперка.
Бројката ја назначив колку да има состојки, а вие направете си колку икра имате, толку.
Рибата ја сечете и полека ја отстранувате икрата од внатрешноста.
По остро ноже ја извлекувате и ја плакнете на слаб млаз вода.
Посолете ја и оставете 10 минути да прими од солта.
На страна изматете го јајцето со мешаниот зачин и секое парче икра валкајте го во јајце и лебни трошки, па пржете во загреаното масло.
Пржете на потивко, убаво да се спржи икрата.
Јас ги исеков парченцата на помали делчиња за поубаво да се пржи и да не се растура во тавата.,да останат цели парченца.
На здравје нека ви е.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови