1. Се топат чоколадото, маргаринот и медот, па се додава кока колата.
Кога малку ќе подолади во него се додаваат и останатите состојки и се убаво се меша.

2. Смесата можи да ја калапите во силиконски модли или во триаголник калап.
Ако се решите за модли, земете го наједноставниот начин.

3. Објаснувањето е за модли за поголеми пралини.
Стопете го чоколадото и во секое калапче ставете по едно лажиче чоколадо, па потоа по едно лажиче од тоблероне смесата. Најгоре затворете пак со чоколадо и оставете да се здравт во фрижидер пред да ги извадите од калапите.

4. Доколку се решите смесата да ја ставите во триаголник калап, чинам дека ќе ви требаат два такви, има два начини за обложување.
Првиот е да ја ставите смесата во калапот и откако ќе се здрви да ја чоколадирате, а вториот е откако ќе ја обложите со стреч фолија, три пати да ја премачкате по ѕидовите со слој од стопеното чоколадо.

Како и да се одлучите да ја спремите оваа тоблероне смеса, сигурно ќе добиете одлични и вкусни посни колачи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови