Покрај тоа што се декоративни и вкусни се.

1. Сварете ги компирите и излупете ги.
2. Испасирајте ги убаво за да немаат грутчиња и оставете да се изладат.
3. Измешајте го мајонезот, кашкавалот и сирењето. Оставете ги во фрижидер околу еден час.
4. Додадете по вкус сол, бибер, мешан сув зеленчук и почнете да формирате топчиња според ваш вкус. Ако ви се лепат рацете, тоа е во зависност каков е компирот, можете да ги влажнете со вода и да продолжете додека не ги направете сите.
5. Исецкајте го магдоносот ситно и ставете го во сад. Истолчете ги кикиритките и нив ставете ги во сад настрана. Во посебен сад истурете сусам и во последниот буковец.
6. Валкајте го секое топче и можете директно да сервирате.

Можете со растителниот кашкавал да правете комбинации, пола обичен пола чаден растителен кашкавал или да ја зголемите количината, а да го исфрлите сирењето. Секако се вкусни, само внимавајте кашкавалот да е рендан ситно, зошто во спротивно може формите да не бидат убаво обликувани.
Исто и валкањето зависи од вас, ако нешто од понуденото не го сакате, заменете го.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови