16
фев
2022
Посни соленчиња
Подготовка:
1. Прв чекор во подготовката е активирање на квасецот. Една коцка свеж квасец се остава да стаса во малку млака вода. Откако ќе се активира квасецот, во подлабок сад се додаваат 2/3 од брашното, маслото, водата и активираниот квасец. Целата смеса се замесува. Постепено се додава и остатокот од брашното и убаво се меси.
2. Се прават мали топчиња со големина на еден нокт, се сучат и се формираат соленчиња.
Се редат во плех кој предходно е премачкан со масло, притоа да не се залепени едно до друго. Се посипува сол и се печи на температура од 200 степени, 10-15 минути се додека не добие светло- златна боја.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови