Познато е дека водата од сварена леблебија се користи во исхраната, особено во вегетаријанската, но и кај луѓе кои се алергични на јајца, како замена за белката од јајцето. Јас ја искористив за правење на нашите омилени падобранци, а да може да се користат и за време на пости, особено што не се користи никаква маснотија. Не верувам дека некој ќе ја забележи разликата во вкусот, прекрасни се.
Овојпат искористив вода од сварена леблебија во конзерва.
Извадете 8 лажици од водата и почнете со матење на пониска брзина. Кога ќе запени, ставете ја брзината на максимум и додавајте од кафеавиот шеќер постепено. За неколку минути ќе добиете убав, цврст шаум.
Со некоја лажица, шпатула, додавајте од шеќерот во прав измелените лешници и мешајте, се убаво да се спои. (кафеавиот шеќер нема да се истопи, ама му дава убав шмек и крцкавост)
Од истата смеса одвоите еден мал дел, тој ќе ви служи за филување на падобранците.
На плех обложен со хартија или со мало лажиче, или со најлонче на кое сте му го отсекле врвот ставајте од смесата.
Оставете ги плеховите со падобранците отприлика половина час да се потсушат.
Печете ги (сушете ги) на 100 степени, околу дваесетина минути.
Спојувајте ги со смесата која претходно ја одвоивте.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови