6
јан
2021
Посни мекици
Лесни и едноставни посни мекици кои се одлични за појадок за Бадник.
Се става квасецот да се активира со малку шеќер, брашно и вода. Кога ќе се активира, се замесува меко тесто со брашното. Се остава да стаса. Потоа пак се меша со дрвена лажица и се остава пак да кисне. Колку повеке се размесува толку ке бидат повоздушести мекиците. Се зема едно топче со намрсени раце и се пржи во врело масло.
Ова е верзија посна за со ајварче,какао... Или било што по ваша желба.
Лиценца: Сите права се задржани