Ставете го брашното во длабок сад за месење. Во средината направете кратер и во него ставете дел од топлата вода во која сте го додале шеќерот и издробиле квасецот. Оставете го 5-10 мин да запени. Потоа додадете го маслото, а солта распоредете ја по обрачот од брашно. Со постепено додавање на останатата топла вода, замесете многу меко тесто. Можи да употребите, рака, лажица или миксер по ваша желба. Покријте го и оставете го на топло да нарасти.
Од тестото се кинат парчиња кои се обликуваат најпрво во круг, а потоа се растегнуваат внимателно по краевите. Се редат така по 10на на рамна површина и потоа редоследно се ставаат во тавче со масло да се пржат. Пржените мекици се одложуваат врз хартиена салвета за да се впие вишокот на мрснотија, а можат да се служат и топли и ладни во солена или во слатка верзија. Кај нас, дел се изедоа со парче сирење и кисела павлака, а дел со чоколаден прелив и шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани