Чорба од наут и спанаќ (посно)
Наутот ставете го во вода да кисне преку ноќ, да набубри.
Другиот ден истурете ја водата и ставете го во тенџере. Додајте ги кромидот и лукот ситно исецкани, листот ловор, рузмаринот, мајчината душичка и водата. Ставете го да се вари околу 45мин до 1 час да омекне.
Во меѓувреме исчистете го спанаќот, измијте го и обарете го во вода. Потоа убаво исцедете го и исецкајте го.
Кога е сварен наутот еден дел (околу 5-6 лажици) извадете на страна цели зрна, а другиот дел изблендирајте го со блендер.
Тенџерето вратете го на оган, додајте го спанаќот, зрната наут, маслото, зачинот и сол и бибер по вкус. Измешајте и оставете да варат на тивок оган уште 10-на минути колку да се спојат вкусовите.
Чорбата послужете ја топла со свежа салата и потпечено лепче.
Со оваа количина на вода што е запишав густината ми беше тамам. На почетокот кога е изблендирав изгледаше многу ретка, но отпосле кога повари со спанаќот и малку подизлади си се згусти.
Лиценца: Сите права се задржани