Посна тава со ориз и печурки
Едноставен, вкусен и посен ручек кој може да го комбинирате како додаток на главно јадење или без проблем да ви биде и главен ручек во денови на пост.
1. Ситно исечено кромитче се запржува на зејтин. Се додава сечена пиперка и морков и се запржуваат. 2. Се додава измиениот ориз и се запржува додека да добие стаклест изглед. Се додава зачин од сушен зеленчук и малку црн пипер. Не додавајте многу од зачинот бидејќи и супата од коцка ви е солена .
3. Ставаме една коцка за супа од зеленчук во 600 милилитри вода да се загрее.
4. Исчистените и измиени печурки ги сечеме и ги додаваме кон оризот.
5. Оризот со додатоците го префрламе во тава во која ќе го печеме. Додаваме макарони и полеваме со врелата супа. Поросуваме со магдонос и ставаме во рерна на 220 степени околу 25 минути односно да испари целата течност.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови