Посна погача
Подготовка:
1.Од наведените состојки, освен маргаринот, се замесува меко, глатко, сјајно, тесто. Се остава на топло убаво покриено да дуплира волумен.
2. Потоа тестото се дели на два дела. Од едниот се вадат две топчиња, а од другиот 5 топчиња.
Петте топчиња се отвораат во кора колку плитка чинија, се премачкуваат со омекнат маргарин и се редат едно врз друго.Последното не се премачкува. Во тава бр. 30 обложена со хартија се става ова како средишен дел. Одозгора се засекува, но не докрај.
3. Од останатите две топчиња се отвора правоаголна кора, на едната страна се прават рецки, полесно се уочува на дополнителните фотографии. Од изрецканите делчиња се плетат плетенчиња и цела кора се витка во ролат. Се става околу средишниот дел, до половина, а другиот дел се дополнува со второто топче, кое се прави на ист начин во ролат. Се остава на топло да надојди околу 45 мин. Се премачкува нежно со топла водичка и наросува со сусам и ким.
4.Се печи во загрена рерна на 200, па на 180 околу 1 час.(Треба убаво да изврие заради маргаринот.)
По потреба се покрива со алу фолија.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани