Квасецот се активира во брашното дирекно во садот кој се меси, па се додаваат сите состојки и се замесува средно меко, мазно тесто.
Се остава да дуплира волумен.

А, потоа се дели 1/3 од тестото, се отвора правоаголна кора. Се дели на половина по должина. Се виткаат ролати, па се усукуваат.
Се ставаат како венец во намачкана тепсија бр.36 со маргарин.
Од остатокот од тестото се прават 5 топчиња и се редат во средината.
Се кисни околу 45 мин..

Се премачкува со брашно и вода - 25 гр. брашно со 60 мл. ладна вода, убаво се раствора и соединува еднолична смеса.

Се редат украсите од мртво тесто.Се боцка погачата со чечкалица на неколку места.

Се печи во загреана рерна околу 1 час на 200 степени.
Се премачкува со маргарин.
Се задушува.
За сјај, ладна се премачкува со малку масленце.

За украсите од мртво тесто
Се меси тестото од наведените состојки, треба да е еластично и се става во најлонска кеса да одмори. Го замесувам пред да ја почнам погачата.
А, после додека стасува погачата си ги правам формите. Ги редам на набрашнета подлога и откако е спремна за печење ги редам на неа. Ги премачкувам одоздола со брашното и водата со кои ја премачкав погачата.
После печење се премачкуваат со малку златна прашина растворена во узо.

Лесна и успешна работа Ви посакувам!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани