Портокал торта
Совршен спој на вкусови - портокал и чоколадо. Кремаста со парчиња темно чоколадо кои ќе ве изненадат во филот
Подготовка:
1. Најпрвин го правиме филот- индиските ореви ги ставаме во вода да стојат 6 часа. Ги цедиме од водата, ги ставаме вo блендер. Го додаваме кокосовото млеко, блендираме. 40 гр темно чоколадо го топиме со 1 лажица кокосово масло. Го додаваме во смесата. Ги додаваме и сокот од портокал, кората од портокал, какаото и медот. Блендираме. Во филот го додаваме сецканото темно чоколадо, промешуваме со лажица. Филот го оставаме во фрижидер 4 часа да се зацврсти.
2. Основа- Во длабок сад ги ставаме урмите, оревите, овесните снегулки, медот, сокот од портокал и кората од портокал. Блендираме. Смесата ја ставаме во округол калап со обрач со дијаметар 18 цм. Ја натапкуваме на дното. Филот го ставаме врз основата.
3. Во длабок мал сад, над пареа, го ставаме темното чоколадо и кокосовото масло, мешаме да се растопи. Во растопеното чоколадо го додаваме кокосовото млеко и мелените ореви, промешуваме. Смесата ја ставаме врз филот.
Лиценца: Сите права се задржани