Испечати

Портокал торта

Портокал торта

Состојки

  • основа
  • 50 гр урми
  • 50 гр ореви
  • 200 гр овесни снегулки
  • 2 лажици мед
  • 1½ портокал ( само неговиот сок )
  • фил
  • 100 гр индиски ореви
  • 400 мл густо кокосово млеко
  • 100 мл сок од портокал
  • 4 лажици мед
  • 2 лажици какао
  • 40 гр темно чоколадо со 70% какао + 1 лажица кокосово масло
  • 30 гр сецкано темно чоколадо со 70% какао
  • Прелив
  • 50 гр темно чоколадо со 70% какао
  • 1 лажица кокосово масло
  • 4 лажици домашно кокосово млеко
  • 4 лажици мелени ореви

Подготовка

Совршен спој на вкусови - портокал и чоколадо. Кремаста со парчиња темно чоколадо кои ќе ве изненадат во филот

Подготовка:

1. Најпрвин го правиме филот- индиските ореви ги ставаме во вода да стојат 6 часа. Ги цедиме од водата, ги ставаме вo блендер. Го додаваме кокосовото млеко, блендираме. 40 гр темно чоколадо го топиме со 1 лажица кокосово масло. Го додаваме во смесата. Ги додаваме и сокот од портокал, кората од портокал, какаото и медот. Блендираме. Во филот го додаваме сецканото темно чоколадо, промешуваме со лажица. Филот го оставаме во фрижидер 4 часа да се зацврсти.
2. Основа- Во длабок сад ги ставаме урмите, оревите, овесните снегулки, медот, сокот од портокал и кората од портокал. Блендираме. Смесата ја ставаме во округол калап со обрач со дијаметар 18 цм. Ја натапкуваме на дното. Филот го ставаме врз основата.
3. Во длабок мал сад, над пареа, го ставаме темното чоколадо и кокосовото масло, мешаме да се растопи. Во растопеното чоколадо го додаваме кокосовото млеко и мелените ореви, промешуваме. Смесата ја ставаме врз филот.