Портокал бомбици (посно)
Иако во составот овие бомбици имаат моркови, доколку не им спомнете на дегустаторите дека е тоа така, нема ни да приметат, бидејќи преовладува вкусот на портокал и кокос. Морковите совршено се вклопуваат во десерти, па затоа овојпат се одлучив да експириментирам баш со нив, и како краен резултат добив превкусни, сочни портокал бомбици.
Подготовка
1. Морковите ги лупиме, миеме и рендаме на ситната страна од рендето. Ги ставаме во помало тенџере. Тука ги додаваме шеќерот, ванилата и кората од портокалот (претходно отстоен во вода со сода бикарбона).
2. На средна температура пржиме со мешање се додека не испари течноста. Тргаме настрана, и оставаме 5-10 минути да подизлади оваа смеса, па ја ставаме во електричен сецко или блендер, блендираме додека да се добие мазна смеса.
3. Добиената смеса ја ставаме во подлабок сад, додаваме кокос, соединуваме. Го додаваме и сокот од портокалот, растопеното кокосово масло - соединуваме, а на крај додаваме од мармаладот (по потреба) до добивање на идеална смеса за формирање на бомбиците. Формираме бомбици, кои ги увалуваме во кокос.
*Забелешка - За поинтезивен вкус на портокал јас употребив мармалад од портокал, но доколку немате таков, во тој случај употребете мармалад по ваш вкус.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани