Полнети печурки од рерна
Можеби досега забележавте секогаш кога готвам гледам да е нешто што се прави брзо, лесно и не е многу скапо хех. Денес ви предлагам да зготвите полнети печурки од рерна.
1. Најпрво им ги сечеме дршките на печурките, и другиот дел го ставаме во тава обложена со хартија за печење. Дршките ги сецкаме ситно, додаваме зачини, јас додавам обично вегета, бибер и куркума.
Со тоа ги полниме печурките и ги полеваме со малку маслиново масло.
2. Ги ставаме во загреана рерна и ги оставаме да се печат околу 10на минути, па од горе им ставаме рендан или може и парче кашкавал. Ги враќаме во рерна уште 5-10 минути додека се растопи кашкавалот.
Јас ги јадам така ама може секако и како додаток да ги послужите.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови