Ова е многу лесен рецепт за приготвување на свежи печурки.

Во длабок сад ставете ги печурките и измијте ги (јас употребив калинкови печурки, но вие можете да ги подготвите на овој начин сите видови на печурки).

Потоа наредете ги во тава која е премачкана со путер.

Посолете и ставете мешан сушен зачин. Ставете ги да се печат на температура од 200 степени.

Печурките ќе пуштат течност, кога таа течност ќе испари нека се попечат уште 20тина минути.

Премногу се вкусни за јадење, на здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови