Палента со сос од печурки во рерна (веган, посно)
1 чекор - Подготовка на основата од палента
Во тенџере на рингла се ставаат 4 шолји вода и малку сол во водата. Кога водата ќе се загрее (да не зоврие) се става 1 шолја палента и со постојано мешање. Откако палентата ќе се свари, веднаш се истура на намрсено тавче со маслиново масло, за да може лесно рамномерно да се распореди.
2 чекор - Подготобка на сосот со печурки
Во 500 мл. врела вода се раствара веганската зеленчукова коцка супа.
Во тава за пржење, се става исецкан кромид на масло да се пропржи.
Кога кромидот ќе омекне се додаваат измиените и исецкани печурки, се посолуваат и се става малку бибер (по желба). Печурките се динстаат додека не испари водата што сами ја испуштаат. Потоа се додаваат 3-4 лажици доматно пире и кратко се меша и се пропржува со печурките и кромидот. Се додава лук во прав, сув босилек и магоднос.
Се залеваат состојките во тавата со подготвената веганска коцка супа (не мора да се искористи цела) и се динстаат заедно. Во меѓувреме по потреба се додава од останатата супа.
Сосот е готов кога половина од течноста ќе испари и ќе згусне.
Приготвениот сос се истура врз паленатата во тавата.
3 чекор - Врз сосот во тавата се ренда парче веган кашкавал и се става да се пече во рерна на 180 степени околу 30-40 мин.
Готовата потпечена палента со сос од печурки се сече на коцки и се остава малку да се излади пред да се сервира.
Лесно, веганско (посно) и вкусно.
Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови