Полнети палачинки со мелено месо
Палачинките се прават според рецептот кој што можете да го најдете на овој сајт Најуспешни палачинки.
Кромидот се сецка ситно.
Морковот се ренда.
Во тава за пржење се става малку масло за јадење, во него се става кромидот и морковот. Се прпржуваат неколку минути и потоа се додава меленото месо и зачинот. Се пржи околу 10 мин.
Потоа врз секоја палачинка се става од меленото месо, се витка и се реди во подмачкано тавче.
Одкако ќе се повтори постапката и со останатите палачинки се подготвува сосот за посипување.
Јајцето се меша со павлаката и се става врз наредените палачинки.
Врз тоа се става изренданиот кашкавал.
Вака подготвено се става во загреана релна на 180 степени и се пече околу 25-30 мин.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови