Еве еден предлог, начин како јас осмислив да го употребам соиното брашно на кое му се закануваше крајниот рок за употреба. Не се базирајте на дополнителните слики. Можеби ќе ви изгледаат поинаку од тоа дека ќе тврдам оти се многу меки и со мал специфичен вкус од брашното, која специфика секако е во позитивна смисла, но таму се сликани оние парчиња кои некој си ги скрил во салфетка и заборавил да си ги прибери во ќеса. Сепак, мене, освен главната слика овде, само тие ми останаа за да ви дополнам уште некое фото. Филот си го замислив како она што ставаме врз лепчето со маргарин, но со изварка место со него. После експериментот се помислив дека можеби пред да се стави она што е наведено во фил, можи фино предходно да се премачка со путер, или маргарин со вкус на путер или секако крајно и едноставно само со маргарин.

Измешајте ги двата вида на брашно и солта. Издлабете во средината и истурете ја млаката вода во која ќе го додадете шеќерот и издробениот квасец. Оставете 5 мин., па додадете го мајонезот, јајцето и павлаката и замесете тесто. Пред крајот додадете 2 лажици масло и откако добро ќе измесите со другите 2 премачкајте го тестото и оставете го на топло да се дуплира.
Премесете го тестото и на намастена работна површина развлечете правоаголна кора, која ќе ја наросите со изварката, а врз неа ке поросите оригано, црвен пипер и по малку црн бибер. Во зависност дали и колку е солена изваката-посолете спрема вкус.
Свиткајте го тестото во ролат и сечете парчиња со дебелина од 1 см. Поставете ги налегнати во плех, премачкајте ги со разматена белка или цело јајце и по желба наросете сусам врз нив. Печете на 190 степени додека поруменат одозгора. (по претпоставка некои 15на мин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани