1
фев
2014
Подварок
Свинските ребра ги сечиме на помали парчиња, ги посолуваме, им ставаме мелен црн бибер и ги оставаме 10-15 минути. Потоа во касерола на оган ги ставаме свинските ребра да се пржат. Откако ќе се испржат ги вадиме од касеролата и во него го ставаме ситно сечканиот кромид да се пржи. Зелката ситно ја сечкаме и ја додаваме во тенџерето. Откако ќе омекне ја зачинуваме со црвен пипер. На киселата зелка и додаваме вода. Ја поклопуваме касеролата и оставаме да се вари околу 90 минути на тивок оган.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови