Погача
Се меси и потоа се остава да нарасни. Најдобро е да стои околу 15 минути, па да се премеси, така неколку пати (на овој начин ќе биде поглатко тестото и поизработено). Потоа се дели тестото на 15 еднакви парчиња (ги мерам на вага да бидат исти). Дванаесет за кругот, а три за во средината. Секое парче се измесува и се сучи малку и се редат едно до друго, но како скалило (за еден килограм брашно, потребен е калап со дијаметар 28 за да има добра големина погачата и важно е да биде калапот премачкан со маргарин,така нема да се залепи погачата за калапот). Додека трите парчиња или се измесуваат сите заедно или се редат едно врз друго. Потоа се остава да нарасни повторно. Пред печењето се премачкува или со масло или со вода во која има шеќер (шербет). Последното важи ако погачата е блага (ако биде блага може да се стави рендана кора од портокал или лимон и плус да се стави една чаша шеќер).
Во друг сад се меси само брашно и вода. Но тоа тесто треба убаво да се измеси и да биде многу тврдо (за да останат постојани фигурите). Потоа се сучи кора и се прават фигурите (цветовите ги правам со штампа за цвет и ставам топче насредина, крстот може да се направи прво од хартија и потоа да се копира на тестото, додека за грозјето се прават малечки топчиња и се редат како грозд, многу лесно ).
Важно
Фигурите не се ставаат веднаш кога се прави погачата, туку подоцна. Прво се става погачата да се пече и кога ќе биде на половина или некаде 10 минути пред да се извади, фигурите се премачкуваат со вода (на долниот дел за да се залепат) и се редат. (ова го кажувам од искуство, зашто ако се стават на почеток како што нараснува погачата во текот на печењето, сите фугури ќе ги внеси во внатрешноста и ќе ги покрие)
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови