
11
јул
2015
Погача со сирење
Во вангличка го ставаме брашното правиме дупче на средина и го ставаме квасецот со малку млеко да нарасне. Во брашното го ставаме шеќерот, маслото и солта и замесуваме тесто откако ќе се активира квасецот. Го оставаме да се дуплира тестото 30 минути.
Од нараснатото тесто без да го размесуваме кинеме топчиња и во нив ставаме коцкичка сиренце. Редиме во тава обложена со хартија. Ги мачкаме со разматена жолчка со малку масло. Наросуваме со сусам и ленено семе. Ставаме по една коцкичка маргарин на секое топче. Печеме 20 минути на 200 степени во претходно загреана рерна.
Многу се меки и вкусни.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови