Преубаво, меко, полнато лепче погодно за доручек или вечера со чаша јогурт.
Пред да го замесите тестото тиквичката изрендајте ја, ставете ја во цедалка, посолете ја и оставете ја да стои и испушти водата.
Замесете го тестото.
Во сад за месење ставете го маслото, јајцето, солта, шеќерот, квасецот изронат, водата и со постепено додавање на брашното замесите изедначено и меко тесто. Покриено оставете го да одмори, скисни 20 мин. Сега е топло времето и одма ќе надојди -))
Подгответе го филот-полнењето
Ренданата тиквичка убаво исцедете ја, исцедете ја од водата и ставете ја во чинија. Јајцата изматете ги со вилушка и додајте ги во тиквичката но малку, од прилика оставете за премачкување одозгора на погачата. Додајте го сирењето, нането, сол и бибер по вкус и измешајте.
Тестото поделете го на 15 топчиња. Од секое топче расукајте мала коричка, на средината ставете по 2 лажици од филот и со странично собирање и притискање на прстите убаво затворете го за да не тече.
Ставајте ги во намачкана тава со масло бр 28. Кога сите се готови премачкајте ги со јајцето, посипете со сусам и наредете неколку парченца путер.
Вклучете ја рерната да се загрева на 190 степени, а за тоа време лепчето ќе скисни.
Ставете го да се печи околу 40 мин или времето одредете го спрема вашата рерна. Совет
- Јас погачата е печев во делимано тавата бр 26, но немав место за сите па морав уште 3 да ги печам посебно. Затоа напишав дека се ставаат во тава бр 28, мислам дека е тамам.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани