Погача со лукче
1. Во сад се растопува квасецот со водата. Се додава се друго и се меси малку подолго време убаво тесто. Се остава да стаса 1 час.
2. Се обложува калап на кој што се вадат страните 24 цм со масна хартија и се мачкат краевите со мрсно.
3. Се сучи тестото на маса со брашно како поголем правоаголник.
4. Се меша одприлика 1/2 дл маслиново со 2 рендани лукчиња, сол и магдонос во чинија.
5. Се мачка маслото на кората и се витка како ролат од подолгата страна.
6. Се става цел ролат во калапот и со ножица се сече 1 см големи делови, но не целосно до доле да се исечат.
7. Секој дел се легнува еден на лева страна еден на десна страна. Се остава пак да стаса уште 30 мин. Се пече 10 мин на 230 степени, после се намалува рерната на 200 степени и се пече уште 20 мин.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Мислам дека не се напишани во состојки лук, магдонос ....