Вкусно, пикантно предјадење од пиперки.
Најпрво пиперките се печат, се ставаат во најлонска кесе да одстојат 15 минути, па се лупат и им се отстранува семето.
Компирот се ренда.
Во вангличка се соединуваат печените пиперки, компирот, кромидот, јајцето, зачините,сирењето, презлата, магдоносот и се додава брашното.
Количината на брашно може да варира, во зависност од големината на пиперките и нивната водливост.
Треба да се добие смеса од која ќе може со набрашнети раце да се формираат плескавици( малку леплива е, но ништо страшно).
Се пржат на тивок оган од двете страни да поруменат.
Се служат со кисела павлака, печено сирење, домат.....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани