Преубав полнеж за домашна пица. Рецептот е на мојата Сара.

Подготовка:

1. Ја растегнуваме пицата на тава. Ја премачкуваме со доматниот сос.
2. Врз него редиме ред моцарела или гауда. Ги распоредуваме стекчињата на секаде. Ја попрскуваме пченката на сите страни. Ги сечкаме лутите пиперчиња и ги распоредуваме рамномерно, насекаде по пицата. На крај попрскуваме со холандезе сосот.
3. Рерната нека е загреана и ставаме да се пече. Печеме 15 минути.

Почастете се со чаша ладно бело винце.

Нека ви е слатко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови