- Се уработуваат јајцата со миксер, се додава киселото млеко, се промешува, се додава зејтинот, се промешува, се додава пченкарното брашно измешано со пецивото - се промешува.
- Се реди една кора, се прмачкува со смесата од јацата со пченкарното брашно, се става втората кора, исто се премачкува, се става трета кора, се премачкува и исто така со четвртата кора. Врз неа се посипува ронето сирење, се замотува во ролат и се става во подмачкано со зејтин плекче.
Се така работите до потрошувањето на корите.
Доколку ви остане од смесата за премачкување слободно истурете ја врз добиените ролати, попрксајте со малку зејтин врз нив, ставете да се пече во предходно загреана рерна на 200 степени околу 30 мин.
Совет
- Доколку сакате можете одозгора да посипете и сусам. Јас немав во моментот и не ставив.
- Во корите можете да ставите што сакате. Јас денес спремив со сирење, а дел од сирењето измешав и со спанаќ. Значи можете само со спанак, со урда, со праз и т.н.
Нека ви е слатко!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани