Пита со праз и мелено месо
Во просеаното брашно додајте сол, шеќер, квасец и со топла вода замесете тесто. Оставете го да стаса.
Празот испржете го со меленото месо, посолете, додајте црн пипер и сув зеленчук.
Јас тестото го сукам со помош на машинка за јуфки.
Направете топчиња. Прво топчето поминете го на единица, после на петка и на крај на деветка.
Направете две ленти, ставете ги една до друга, ставете фил и завиткајте во форма на полжав. Така редете ја цела пита.
Оставете пита на 15 минути да стаса, премачкајте со зејтин и ставете да се пече на 250 степени околу 30 минути
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани