Пита со маслинки и зденка(со готови кори)
Се што се прави со готови кори е брз оброк, така и оваа пита е брз и вкусен појадок или вечера.
1. Прво го подготвуваме преливот. Со миксер ги матиме јајцата, ја додаваме павлаката, киселата вода и зејтинот, пак кратко матиме и преливот е готов.
2. Плехот го намастуваме со зејтин. Прво ставаме најдолу четири кори, преклопени преку плехот до половина. Премачкуваме со 2 лажици од преливот. Ставаме пак кора, премачкуваме со 2 лажици од преливот и ставаме сечени зденки и сечени маслинки. Пак две кори со прелив, ставаме од маслинките и зденките и така се додека се потрошат корите. На најгорната кора ги преклопуваме четирите кори, премачкуваме со преливот кој ни остана.
3. Питата ја сечеме на парчиња, поросуваме со сусам и ја вклучуваме рерната на 200 степени. Кога ќе се загрее, се става питата на печење. Се пече околу 30 минути на 180 до 200 степени односно се пече на 200 додека да зарумени, а потоа се намалува на 180 степени.
За да ви се сечат зденките подобро, излупете ги , наредете на даска за сечење и ставете ги малку (неколку минути) во ладилник.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови