Иако сосема малку ставив брашно од хељда во питава, таа доби прекрасен вкус и мирис, па сите бевме задоволни и сити.

Подготовка
Корите ги сечкаме на мали парчиња. Ги редиме во намрсено тавче. Брашното и пецивото ги промешуваме. Сирењето го дробиме или рендаме. Сите состојки ги промешуваме и со смесата ги прелеваме корите. Со рака или лажица убаво ги навлажнуваме корите, така да насекаде да бидат опфатени со смесата. Питата ја печеме на 180-200 степени до поцрвенување.

Забелешка
Јас добив готово исцепкани кори, па им го најдов крајот во питава.
Хељда си купувам па ја мелам во Нутрибулет и така го добивам брашното. Питата ја печев во Делициа ростер тавата. Ако ви е многу солено сирењето не додавајте сол.