Подготовка.

Во загреена масло го пржиме исецканиот кромид да омекне и ја додаваме исецканата зелка. Зелката убаво ја динстаме со повремено мешање убаво да омекне по потреба додаваме сол доколку е потребно и зачинувамо.

Од состојките за тесто замесуваме глатко и мазно тесто кое го оставаме да надојде. Стасаното тесто го делиме на 6 дела. Секој дел го расукуваме со големина на плекот. Јас го користев плек со глемина 30-35 цм, но може 30 - 40 см малку ке биде потенка питата.
Плекот треба да намрсен со масло редиме една кора и ја попрскуваме со масло, па со преливот претходно подготвен (кисеко млеко изматено со јајцета) потоа со филот од кисела зелка.
Така постапуваме и со другите кори освен последната која ја попрскуваме само со масло. Кога ќе ја завршиме питата ја вклучуваме релната на 220 степени и ја сечеме питата на коцки кога ќе е готова релната ја печеме питата.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови