Ова пита доаѓа од Скандинавски краеви во која е многу позната како месечина од лимон. Питата е многу нежна, ароматична, освежителна и вкусна. Многу личи на брауни со лимон.
Прво го матиме шеќерот со путер и ванила. Полека додаваме по едно јајце, сок од лимон и кора од лимон. Марципанот изрендајте го и додајте го во тестото. Додајте брашно и пециво, помешајте. Истурете во тепсија за печење. Печете на 180 степени, 30 минути. Извадете ја питата и оставете да истине.
За глазура
Вода измешајте со сок од лимон, додајте шеќер во прав и промешајте.
Со глазурато прелијте ја питата и одозгора нарендајте кора од лимон.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани