Месечина тарт
Се замесува тесто од наведените состојки.
Тестото се витка во стреч фолија и се остава во фрижидер околу 1час,
На оган во млекото ги додаваме шеќерот, јајцата, брашното и ќесичката шеќер со вкус на лимон, постојано мешаме да добиеме густ крем,
Кремот се лади со повремено мешање за да не ни фати кора,
Тестото го вадиме од фрижидер и отсекување 1/4 за ѕвездите одозгора,
Поголемиот дел од тестото го моделираме во калап за тарт и дното го боцкаме со вилушка,
Изладениот крем го истураме врз тестото и израмнуваме,
Одвоеното тесто го расукуваме во тенка кора и од него вадиме ѕвезди кои ги редиме врз кремот,
Тартот го печеме во загреана рерна на 180С околу 25 минути,
Откако ќе се олади посипете го со шеќер во прав.
Пријатно јадење !
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови