30
ное
2014
Пита за двајца
Ми останаа кори, па решив да импровизирам, а импровизацијата излезе вкусна и ја снема за миг, исто како што за миг и беше подготвена =)
1. Рерната ја вклучуваме на 200 степени.
2. Во еден сад ги мешаме сите состојки освен корите и 50 гр од сирењето.
3. Корите ги кинеме и на намрсено тавче ставаме половина од нив, ама така нафрлани и згужвани да бидат.
4. Врз нив ставаме половина од течната смеса, рендаме или на тенки листови сечеме сирење (50 гр), па другата половина од корите. На крај ја истураме целата преостаната течна смеса, наросуваме сусам и печеме на 200 степени, да ни поцрвени питата или околу 20-25 минути.
Лиценца: Сите права се задржани