Пирошки со бел фил
1. Најпрво ги спремаме палачинките. Јајцата ги матиме со жица за матење, папостепено ги додаваме другите состојки и матиме со жицата додека не добиеме хомогена смеса. Доколку смесата е премногу густа, додадете млеко или минерална вода. Од смесата пржиме палачинки и ги оставаме да се изладат.
Палачинките можете да ги приготвите и на вашиот вообичаен начин.
2. Подготовка на филот
Краставичките ги рендаме и ги мешаме со павлаката и урдата. Доколку сакате посолено може да додадете и малку сол. Филот е за 10-тина палачинки.
3. На секоја палачинка ставаме од филот, па ги завиткуваме во ролат, при тоа краевите сме ги превиткале кон внатре, за да не истекува филот.
4. Пирошките ги валкаме во матено јајце, па во презла и ги пржиме во загреано масло додека не поруменат.
На здравје!!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови