Пирошки со ајвар и кашкавал
Еве уште една идеја за вкусен појадок..
Подготовка
1. Замесуваме тесто со млако млеко и го оставаме да стаса околу 30 минути.
2. За филот ги соединуваме сечканите салама и кашкавал на коцки, ајварот и урдата и зачинуваме со оригано. Сол додаваме по вкус и потреба.
3. Стасаното тесто го размесуваме, го делиме на парчиња и секое парче го рассукуваме. Го полниме со фил, од двете спротивни страни го преклопуваме на околу 1 см, па го виткаме во ролат. Така ги формираме сите парчиња.
4. Го загреваме маслото и секое ролатче го валкаме во разматени белки па во лебни трошки, па го пржиме во масло на средна температура.
Забелешка
По потреба додаваме брашно или пак млеко при замесување, треба да ни средно меко замесено тестото.
Лиценца: Сите права се задржани