
8
јул
2019
Печен пинџур
Подготовка
Пиперките, доматите и патлиџанот се печат. Јас ги печев во рерна, во плех на хартија за печење на 180 степени додека да омекнат.
Откако се испечат и изладат, се лупат и се сечкаат, се додава сечканиот лук. Се заедно се меша во сад, по желба се толчи и се насолува на вкус. Зејтинот се загрева и со него се попарува пинџурот.
На здравје!